За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Македонија интензивно и засилено се гради во сите делови на државата. За една година, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи посветено и како се реализираат крупни капитални инфраструктурни проекти кои ја трансформираат Македонија, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

„Изградбата на големите патни решенија значително го подобрија и забрзаа патниот сообраќај, граѓаните побрзо и побезбедно стигнуваат до посакуваната дестинација, а позитивно влијаат и на економијата. Така, за една година се завршија и пуштија во употреба над 70 километри експресни патишта и автопат.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за една година ги заврши и пушти во употреба двете делници од експресниот пат Градско-Фариш, во должина од 25,7 километри, како и 25,5 километарската делница Страцин-Крива Паланка која е дел од експресниот Куманово-Крива Паланка.

Со интензивирање на градежните активности, се изгради и пушти во употреба делницата Врбјани-Ботун долга 20 километри, дел од автопатот Кичево-Охрид, а многу наскоро во употреба ќе биде пуштена уште една делница. Додека пак, до крајот на 2026 година, во употреба ќе биде пуштен целиот автопат. Паралелно со изградбата на овие значајни патишта, засилено се гради и на автопатиштата Тетово-Гостивар и Прилеп-Битола, кои се очекува да завршат и да се пуштат во употреба во 2027 година. Со ова темпо на градење на патишта, во следните неколку години, државата ќе биде поврзана со експресни патишта, а и целосно ќе се заврши и стави во функција автопатската мрежа. Македонија се трансформира и развива, а промените ги гледаат и чувствуваат граѓаните на дело, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?