Водителот на сириската државна телевизија Мохамад Ел-Саид, кој беше киднапиран во средината на јули, е убиен, соопшти денеска Опсерваторијата за заштита на човекови права.
„Познатиот водител што работеше во државната телевизија е погубен, а Фронтот ал-Носра ја презеде одговорноста за убиството“, соопшти за „Франс прес“ директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман.
Ал – Носра во своето соопштение го потврдила киднапирањето и убиството, наведувајќи дека „хероите“ од Дамаск го заробиле познатиот водител и откако го испрашале го убиле.