Филипче од Струмица: ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во мрак, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата

Од:

Јас не ветувам лесен пат. Но ветувам борба. И таа борба ќе ја водиме со главата високо, со гордост што сме наследници на асномската идеја за слободна, праведна и солидарна Македонија,“ порача Венко Филипче на собирот на младите социјалдемократи во Струмица.

Младите и членовите на СДСМ се тие што во најтешки моменти ја држеа цврсто црвената линија на демократијата. Денес, повторно дојде време за исправување“рече Филипче.

Тој предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во мрак, во партизација, непотизам и злоупотреби додека граѓаните, особено младите, сè повеќе чувствуваат дека иднината им се одзема.

Нашата задача е јасна да ја подигнеме партијата, да ја вратиме надежта, и да им покажеме на луѓето дека СДСМ е силата што знае да ја исправи државата“ – рече Филипче.

Во таа мисија, потенцираше Филипче, централна улога имаат младите социјалдемократи и ангажираното членство.

Нивната енергија на терен, во секое маало, во секое семејство, е она што ќе ја разбуди надежта кај разочараните и кај оние што замолкнале. Сега е моментот повторно да се собереме, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата и ќе ја врати државата во рацете на народот“ – порача Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашиот стратешки партнер САД ја намали воената помош за земјата зашто знае каква власт нè води

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите