Венс: Подготвен сум да ја преземам функцијата претседател ако Трамп го снајде трагедија

Од:

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ. Д. Венс, изјави дека е подготвен да ја преземе функцијата претседател доколку на претседателот Доналд Трамп му се случи „трагедија“.

„Ако, не дај Боже, се случи ужасна трагедија, не можам да замислам подобра практична обука од онаа што ја добив“, рече Венс во интервју за „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

Венс нагласи дека за време на неговиот мандат како потпретседател, стекнал „многу пракса“ што би му помогнало во таква ситуација.

Трамп претходно во август изјави дека јавноста сака тој да се кандидира за трет мандат како претседател. Во исто време, неговиот син Доналд Трамп помладиот оцени на социјалната мрежа „Трут Соушл“ дека претседателот има иста шанса да победи на следните избори како и кандидатката на демократите, Камала Харис.

Во прилог на таа порака беше напис на „Фокс њуз“ во кој се проценува дека републиканците имаат четири проценти шанса да победат во 2028 година, иако Уставот на САД забранува претседател да служи повеќе од два последователни мандати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Америка го нападна Иран, експресно одговори Револуционерната гарда

Пресврт: Трамп сега „е импресиониран“ од успесите на Украина во војната со Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Сенатот бара од Трамп да се повлече од војната со Иран

ВИДЕО: Бизарен настап на Трамп

Светот се плашеше од цената од 200 долари за барел: Како Кина тивко ја спаси светската економија

ВИДЕО: САД ги укина санкциите кон Иран на 60 дена, ослободен дел од замрзнатите средства

Катерина Ѓуровски