МВР: Уапсен е насилник кој нападнал, па му се заканувал на полицаец

Од:

Денеска во 14:20 часот во СВР Тетово бил уапсен Н.М.(33) од с.Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад на службено лице во вршење работи на безбедноста, а по претходна пријава од страна на И.А. полициски службеник од СВР Тетово, кој што истиот ден во просториите на полициската станица бил физички нападнат од пријавениот.

„Според пријавата Н.М. околу 13:15 часот дошол на работното место на пријавителот и откако упатил вербални закани по животот на И.А. и на членови од неговото семејство, физички го нападнал пријавителот. Инаку на 27.08.2025 во 18:10 часот во врска со истиот настан во СВР Тетово и Н.М. поднел пријава против И.А. поради сторено кривично дело загрозување на сигурноста. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Полицаец од Скопје поткупил колега од преминот „Блаце“

Двајца мажи од Росоман му се заканувале на Митко Јанчев и на неговото семејство

Горан Наумовски

Тошковски ќе го награди полицаецот Беким Исмани кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот

Маж и се заканувал на пратеничка во Аеродром

Српската полиција уапси маж кој му се заканувал на Вучиќ

Полицаец издавал службени тајни за планирани акции на УЈП, ДПИ и ДИТ