Уапсени пијани возачи од Велес, Росоман и Демир Капија

Од:

Полициски патроли уапсија тројца пијани возачи кои од МВР денеска се осомничени за „безобѕирно управување со моторно возило”.

Во Велес, полициски службеници од СВР Велес го уапсија Ц.Т.(61). При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле возило „југо“ кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,65 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќајот и задржан во полициска станица Велес.

На локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес, го уапсија Г.П.(42) од Росоман.Тој околу 1.50 часот управувајќи возило „фолксваген пасат“ изгубил контрола над возилото и излетал од патот. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта.

Денеска на ул.„Маршал Тито“ во Демир Капија, полициски службеници го уапсија Д.Н.(44) од Демир Капија. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со демиркаписки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,31 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќајот и задржан во полициска станица Велес.

Би можело да ве интересира

Пијан жител на Трубарево направи сообраќајка, повредени се две осум месечни бебиња

А1он

Приведен е 41 годишник, возеше велосипед со 3,64 промили алкохол во крвта

А1он

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Полиција уапси Хрват кој возеше со 4,2 промили алкохол во крвта

А1он

Скопјанец пијан возел на патот Охрид-Кичево

Тетовец со 2,63 промили алкохол во крвта возел автомобил