Макрон: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон му напиша писмо на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз поттикнува антисемитизам.

Писмото го објави францускиот весник „Ле Монд“.

Макрон го критикуваше Нетанјаху за објавување на содржината на преписката до медиумите пред францускиот лидер дури и да го прими писмото.

Во својот одговор, францускиот претседател го обвини израелскиот премиер за манипулирање со концептот на „антисемитизам“ и потсети на бројните мерки што Франција ги воведе за заштита на Евреите и борба против сите форми на омраза.

„Париз остана и останува длабоко посветен на безбедноста на Израел. Затоа, обвинувањата за наводна неактивност во лицето на оваа катастрофа се неприфатливи и се навреда за цела Франција“, нагласи Макрон.

Нетанјаху претходно ја осуди одлуката на Франција да ја признае Палестина, предупредувајќи дека таков потег „поттикнува тероризам и носи ризик од создавање уште една иранска марионетска држава, слична на она што се случи во Газа“.

Би можело да ве интересира

„Њујорк тајмс“: Судирот меѓу Макрон и Трамп го открива новиот курс на Европа

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски