Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер во Киргистан

Од:

Земјотрес со магнитуда од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес на југот на Киргистан, објави Институтот за сеизмологија на Руската национална академија на науките.

Според институтот, земјотрес е регистриран во 16:31 часот по локално време, а центарот на земјотресот бил оддалечен 134 километри од вториот по големина град во земјата, Ош, објави РИА Новости.

Земјотрес со магнитуда од 4,9 степени е регистриран во истото подрачје во понеделникот.

Според прелиминарните податоци на Министерството за вонредни ситуации на Киргистан, во земјотресите не се регистрирани жртви или сериозна материјална штета.

Би можело да ве интересира

Такичи после земјотресот во Јапонија: Има загинати и голема материјална штета

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Иран

Горан Наумовски

Земјотрес во Пехчево и Берово

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција