ОН: 11 Палестинци починаа од глад во Појасот Газа во последните 24 часа

Од:

Уште 11 Палестинци починаа од глад во Појасот Газа во последните 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи од глад во палестинската енклава од почетокот на војната достигна 300, изјави портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дужарик.

Дужарик на брифингот за медиумите во понеделник изјави дека околу 5.000 луѓе се раселени од северниот Појас Газа во Деир ал-Балах во централниот дел и Кан Јунис на југот од енклавата од 20 август.

Тој рече дека околу 8.000 Палестинци се раселени западно од градот Газа, со што вкупниот број на нови раселени лица од крајот на прекинот на огнот во средината на март достигна повеќе од 800.000, објави „Тајмс оф Израел“.

Дужарик тврди дека израелските власти продолжуваат да ја спречуваат испораката на хуманитарна помош низ целиот Појас Газа и блокирале осум од 15 мисии за транспорт на помош на ОН во последните 24 часа, пренесува Танјуг.

„Понатаму, партнерите на ОН изјавија дека неколку образовни објекти, кои се користат и како засолништа, биле нападнати минатата недела“, рече Дужарик.

Би можело да ве интересира

Холандија се откажува од Евровизија

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас

(ВИДЕО) Бен-Гвир: „Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе“

Американската војска предизвика бура: На карта, Газа и Западниот брег му ги додаде на Израел

Катерина Ѓуровски