ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, 20 дена не е појавен во Македонија

Од:

Има ли СДС лидер на партијата или на непочнати избори „кормиларот“ го напушти бродот кој тоне? Каде испари Венко Филипче, се крие ли од македонската јавност или сфатил дека се наоѓа пред дебакл и нема што да понуди, посочува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите, што МИА го пренесува интегрално.

Филипче јавноста не го видела цели 20 дена, последен пат во земјава е виден на 2 август за прославата за Илинден во Крушево, а ни претходно нешто не се појавуваше.

Додуша, за волја на вистината, во меѓувреме се појавија фото и видеоснимки како ужива луксузно пловење низ Грција на скапа јахта со неговиот ментор, Зоран Заев за која ни Филипче ни неговата партија, ако е негова, не одговорија со чии пари е купена.

Претходно кога го снема исто Филипче повторно беше со Заев, ама тогаш на друго луксузно патување во Дубаи, од каде што си набавија златни визи, за кои, исто така, не добивме конкретен одговор како се набавени.

Изгледа луксузните забави и бизниси со Зоран Заев на Филипче му се поинтересни и приоритетни, наспроти водењето на партијата.

Или, пак, можеби Филипче уште сега се спрема за дебаклот и големиот пораз кој го чека на локалните избори, па тренира бегање од јавноста, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Реакција од општина Карпош во врска со барањата за легализација

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Македонија нема механизам за заштита на жртвите од родово и семејно насилство

ВМРО-ДПМНЕ: Добиени се три арбитражни постапки и има заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Горан Наумовски

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција