Роџер Федерер e новиот милијардер

Од:

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, официјално стана милијардер.

Според престижниот финансиски магазин Форбс“, неговото богатство се проценува на 1,1 милијарда долари.

44-годишниот освојувач на 20 гренд слем титули, со 310 недели на врвот на АТП листата, е трет во историјата на тенисот по заработка од турнири со 131 милион долари.

Благодарение на неговото име и популарност низ целиот свет, тој склучи бројни профитабилни договори за спонзорство во текот на својата кариера, па затоа беше најплатениот тенисер во светот 16 години по ред, а во 2020 година најплатениот спортист воопшто со заработка од 106,3 милиони долари (бруто) само во таа година.

Покрај тоа, во текот на дваесетгодишната соработка со компанијата Најк“, тој заработи 150 милиони долари, а во 2018 година потпиша десетгодишна соработка вредна 300 милиони со јапонската Уникла“.

Така, Федерер e само седмиот спортист во историјата кој го премина прагот од една милијарда долари бруто заработка во текот на својата играчка кариера и со тоа се приклучи на елитен клуб во кој се кошаркарот Леброн Џејмс, голферите Тајгер Вудс и Фил Микелсон, фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси и боксерот Флојд Мејведер.

Би можело да ве интересира

Гркот „го изневери“ Ѓоковиќ: Федерер е ГОАТ

А1он

Избрани 20 најдобри тенисери на сите времиња

А1он