(ВИДЕО) Кузеска: Со власта на Мицкоски минималната плата се држи на дното, работниците добиваат само леб и сол

Од:

Владата на Христијан Мицкоски ги запре политиките на СДСМ за постојано покачување на платите и го доведе животниот стандард на граѓаните до точка на преживување. Додека платите стагнираат, цените вртоглаво растат, животниот стандард на граѓаните опаѓа постојано. Просечната плата во Македонија денеска изнесува само околу 35% од европската просечна плата, односно една третина“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели дека цените во Македонија се високи, и достигнуваат на 60% од европскиот просек на цени. Тоа значи дека граѓаните во маркет, на пазар, во продавница, плаќаат речиси европски цени, а мора да живеат со трипати пониски плати“.

Синдикалната потрошувачка кошничка во август достигна 65.507 денари. Двајца вработени со минимална плата во едно семејство немаат доволно пари да ги покријат основните месечни трошоци. Минималната плата во Македонија е меѓу најниските во Европа и во регионот. Во БиХ минималната плата е 511 евра, во Србија 500 евра, во Црна Гора од 600 до 800 евра. Во Македонија, со власта на Мицкоски, минималната плата се држи на дното, иако требаше одамна да достигне 500 евра. Наместо тоа, работниците добиваат само трошки, леб и сол“ – рече Кузеска.

Смета дека Погрешните економски политики на оваа влада ги заковаа платите и животниот стандард на дното во Европа. Не може да има 6 милијарди евра буџет, да нема пари за граѓаните и за работниците а да има за папаја, манго и луксузирања за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа мора итно да се промени“.

СДСМ бара итно покачување на платите во сите сектори, зголемување на минималната плата на 500 евра веднаш, мерки за намалување на високите цени, како укинување на ДДВ за храна“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ