(ВИДЕО) Манасиевски: Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен

Од:

Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи, добивме информација за која СДС и Димова треба да одговорат, а тоа дека еден од проектите на фризерницата која има добиено 270 илјади евра преку Еразмус +, бил првенствено одбиен, па потоа одобрен, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали е точна информацијата, дека раководителката на одделението за буџетска контрола во Еразмус +, Маја Колеќеска, вработена од страна на Лидија Димова, лично интервенирала за овој проект?
Ако е точна оваа теза, треба да се постави и прашањето, зошто фирмата на Златковски В.Е.З. Трејд била одбиена, па потоа прифатена? Дали блискоста на триото Колеќеска-Димова-Златковски довело до злоупотребување на службената положба, и грантот од одбиен, станал одобрен. Исто така, дали овој проект бил пониско рангиран од останатите кои имале повеќе бодови, меѓутоа бил одобрен поради блискоста на Димова и Златковски, која можеме да ја видиме на оваа фотографија? Лицемерно е СДС да зборува за криминал и корупција, кога тие се предвесници на криминалот и корупцијата. За СДС никогаш нема одговорност, затоа што тие купуваат судии, потплаќаат обвинители, даваат грантови на професори и нивни активисти. Затоа, народот кога ќе ја слушне кратеницата СДС, првата асоцијација им е криминал и корупција – вели Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

(ВИДЕО) Манасиевски: Кацарска сака да им го одземе зголемувањето од 7.000 денари на пензионерите, а бара зголемување на сопствената плата

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: Македонија процентуално е меѓу првите со издвоени најмногу пари од БДП за правосудството во регионот и ЕУ

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

(ВИДЕО) Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев