ВМРО-ДПМНЕ: Добиени се три арбитражни постапки и има заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Од:

Кога се работи посветено, со одговорен пристап и ефикасна одбрана во интерес на државата, можат да се постигнат позитивни резултати и во тешки и комплицирани спорови. Штитејќи го државниот интерес пред меѓународните судови, владиното координативно тело за арбитражни постапки вложи максимални напори, од внимателна анализа на документите и договорите, до темелна подготовка со правни аргументи, со што обезбеди силна и одржлива позиција во постапката, велат од ВМРО.

– Токму ваквиот начин на работа, резултираше со плод и позитивен исход во полза на Македонија кај три меѓународни арбитражни постапки. Со успешно завршените арбитражни постапки направена е заштеда на државниот Буџет во износ од околу 565 милиони евра.

Покрај добиената арбитражна постапка за рудникот Казандол против Македонија со вредност од околу 115 милиони евра, добиени се и арбитражна постапка позната како САСА со вредност од 445 милиони евра и арбитражна постапка ГАМА со вредност од над 5 милиони евра.

Овој позитивен исход е потврда дека со транспарентност, одговорност и заедничка работа можат да се постигнат резултати кои во минатото беа претставувани како невозможни. Секој ваков позитивен резултат ја зајакнува довербата во институциите, го штити буџетот од непотребни финансиски, како и меѓународниот углед на државата. И за таа цел, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено да ја заштити државата, парите на граѓаните и угледот на институциите, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси