Арагчи: Европа нема право повторно да воведува санкции врз Иран

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи изјави дека европските сили немаат право да го активираат автоматското повторно воведување на санкциите според нуклеарниот договор од 2015 година или да го продолжат рокот од октомври за негово активирање.

Изјавата следеше по состанокот во јули меѓу иранските дипломати и претставници од Германија, Франција и Велика Британија – трите потписнички на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година – првите такви разговори од завршувањето на 12-дневната војна меѓу Израел и Иран во јуни.

Непријателствата ги нарушија нуклеарните разговори меѓу Техеран и САД, сојузникот на Израел, и го натераа Иран да ја прекине соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Во писмо до ОН минатата недела, Германија, Франција и Велика Британија изјавија дека се подготвени да активираат механизам за брзо повторно воведување санкции врз Иран доколку до крајот на август не се најде договорено решение за иранската нуклеарна програма, објави Бета-АФП.

Европските земји се меѓу светските сили, заедно со Кина, Русија и САД, кои го преговараа нуклеарниот договор од 2015 година со Техеран, кој предвидуваше контрола врз нуклеарните активности на Иран во замена за укинување на меѓународните санкции.

САД еднострано се повлекоа од договорот во 2018 година и повторно воведоа санкции, но трите европски земји ја потврдија својата посветеност на договорот со намера да продолжат со преговорите со Иран. Затоа, санкциите на ОН и Европа не се повторно воведени.

Сепак, Европејците го обвинуваат Техеран дека не ги почитува своите обврски и се обидуваат да ги обноват преговорите за оваа нуклеарна програма поради страв дека Иран спроведува нуклеарна програма за воени цели, што иранските власти го негираат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк