Истражителите истражуваат смрт на двајца мажи на различни локации во Скопје

Од:

Полицијата извести дека вчера и ноќеска на две локации во Скопје се пронајдени починати двајца мажи.

Вчера во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацин на приватна фирма во с.Чојлија, општина Петровец, бил пронајден починат вработениот М.А.(39) од с.Ржаничино, скопско.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Денеска во 1.20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во домот во кој престојувал на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат И.Н.(50) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош