Грозданов: Со строг надзор, рударството може повторно да биде столб на македонската економија

Од:

Ако го видите посебно предлог законот за рударство се добива силен впечаток дека државата конечно се охрабрува да одлучи што е стратешки неопходно за неа и нејзините граѓаните, тврди аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов во колумната „Закони да, еко лажговци не!“. Тој во неа се осврна на нацрт законите за рударство и за геологија и смета дека со нив државата поставува силна контрола врз сите осум постапки за отворање или постоечки рудник.

-Воглавном се предничи на следниве четири: геолошко истражување, елаборат за комплетна компатибилна и прифатлива заштита на животната средина, а се со цел задоволување на пред се човековите, но и на друг жив свет потреби, експлоатацијата и економскиот развој на Македонија и зголемување на животниот стандард и она најважното на кое очигледно се внимавало, има повеќе изрази: рехабилитација, ремедијација, рекултивација наједноставно ставање во целосна употреба, на употребеното земјиште за рудник, за потребите на живиот свет, пишува Грозданов.

Аналитичарот оценува дека само со соодветна регулација и строг надзор преку овие два закона, рударството може повторно да стане столб на македонската економија, да создава развојни можности и да помогне во спречување на „белата чума“ и иселувањето. Додека текстовите на законите се на јавен увид, Грозданов истакнува дека на масата првенствено треба да седат геолозите и да разговараат за видот на карпите и начините на истражување на рудните богатства, понатаму рударите кои ќе прават дистинкција помеѓу древното и традиционалното со модерното рударство, металурзите кои јасно и недвосмислено ќе ги кажат сите еколошки заштитнички кон населението, професорите од медицина да ги согледуваат и пратат сите модерни текови пред се за заштита на рударите од повреди и веднаш да реагираат на непотребни нус појави поради лош карактер на поединци, како и професори за макроекономски движења на металот на светските берзи.

-И сега доаѓаме да правиме разлика меѓу „нормални еколози“ и “еко лажговци“ по нарачка. Нема рудар и металург кој не сака да соработува со „нормални Еколози“. Тоа се личности кои знаат да разговараат дека да го стопираш или изгасиш процесот на индустријализација е утопија. Напротив мора да го контролираш и тоа по сите прописи согласно Европската унија кои ние ги имаме прифатено во комплет, а за тоа мораме да ја јакнеме држават пред се. Еко лажговците по нарачка денес ќе Ви ги претставам со реката Дошница. Еве како лажат. На оваа река од страната на Демир Капија постои хидроцентрала од 1952 година, каде има цевка од четири илјади (4000) метри и на крајот има рибник каде во еден турнус рибарско мрестење се создаваат околу петстотини (500.000) илјади млади на автентична речна и калифорниска пастрмка.. Дали некогаш како луѓе сме се запрашале како се полни Мавровско езеро? Сме чуле ли за некоја Мавровска река? Ова езеро се полни со најсложениот хидросистем во Европа долг сто и тиесет (130) километри кој носи вода од Шар Планина и е со тиролски зафати да камењата одат над системот, а да не го нарушат течението. Со создавањето на овој проект Мавровско езеро подоцна е создаден Националниот Парк, каде има викендици, ски центар итн. Досега не е увидено да се удавила мечка, да угинале пчели или било кој друг животински свет и посебно е увидено дека тука си го нашол своето место нашиот заштитен рис. Во следните две колумни кои ќе ги објавам овој месец ќе дообјаснам за Еко лажговците по нарачка со детали за Асан Бег и неговите до другари од еко партиите какви зулуми имаат направено во делот хидро системи и рудници. И да им одговорам автентично во мој стил на моите другари од сопственичката структура на рудникот Бучим на нивното „Љубовно„ писмо до мене и за моите за нив инсинуации. Едно од прашањата е: Зошто подаривте возило во Струмица, а не во Радовиш, Конче, Кочани итн?, заклучува Грозданов.

Би можело да ве интересира

Македонското рударство ќе ги запазува ЕУ стандардите – со нови закони се нагласува и факторот геополитика за обезбедување ресурси

Грозданов: Критичниот метал бакар го имаме во сериозни количини и Македонија може да има многу финансиски придобивки

Започна трката во САД кој прв ќе отвори рудник за бакар – Македонија не може да се пофали со раст во рударската индустрија

Грозданов: Време е науката да проговори – стоп за еко популизмот

Грозданов: Предлог стратегијата на МАНУ за минерални суровини наместо визија за иднината, создава конфузија

Грозданов: Наместо стратегија за развој, МАНУ испорача исполнување на желби на поединци