Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина ќе бидат разработени во рок од 10 дена

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери дека безбедносните гаранции за Киев веројатно ќе бидат разработени во рок од 10 дена.

„Безбедносните гаранции веројатно ќе бидат „разработени“ од нашите партнери и ќе се појават сè повеќе детали. Сето ова некако ќе биде формализирано на хартија во текот на следната недела до 10 дена“, рече Зеленски на брифинг за медиумите по состаноците.

Зеленски исто така, рече дека територијалните прашања поврзани со потенцијален мировен договор ќе бидат разработени меѓу Украина и Русија.

Украинскиот претседател, исто така, рече дека има украинска понуда за купување американско оружје во вредност од околу 90 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Русите нападнаа изложба на оружје во близина на Киев, има мртви и ранети

Украинците повторно ги напаѓаат магацините на „рускиот Амазон“, пожари во Ленинградската област

(ВИДЕО) Најмалку 18 повредени во напад врз Запорожје

Горан Наумовски

Рубио по средбата со Лавров: САД се подготвени да понудат нови идеи за мир во Украина

Санкт Петербург: Украински агент со бомба уапсен во метро

Блумберг: Путин планира тампон-зони во Украина