Руската делегација пристигна на Алјаска

Од:

Руски државен авион слета во Алјаска пред утрешната средба меѓу Трамп и Путин, објави Flightradar24.

Авионот полета од Москва во 7:50 часот по локално време и слета на Меѓународниот аеродром во Анкориџ.

Влезе во воздушниот простор на САД околу 5:15 часот по локално време.

Според веб-страницата за следење на летови Flightradar24, во авионот се наоѓала руска делегација. Не е јасно дали Путин е во авионот.

Потсетуваме дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се одржи утре во 11:30 часот по локално време, односно 21:30 часот по источно време, во Анкориџ, Алјаска, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Според него, самитот ќе се одржи во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон во Алјаска, а програмата е целосно договорена, објави РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“