Трамп: Путин ќе ја заврши работата утре

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот за радио „Фокс њуз“ изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин сака да „ја заврши работата“ на самитот во Алјаска утре.

На прашањето дали неговите закани за санкции можеле да влијаат врз одлуката на Путин да се согласи на состанокот, Трамп рече дека „сè има влијание“ и додаде дека секундарните царини за Индија „во основа ги спречиле да купуваат нафта од Русија“, објавува „Гардијан“.

„Секако, кога ќе го изгубите вашиот втор најголем клиент, а веројатно ќе го изгубите и вашиот најголем клиент, мислам дека тоа веројатно игра улога“, рече Трамп.

На прашањето дали е подготвен да ѝ понуди на Русија „економски стимулации“ за да ја заврши војната во Украина, тој одби да одговори, објаснувајќи дека не би сакал јавно да ги покаже „своите карти“.

Тој постојано повторува дека Русија има огромен потенцијал во нафтата и гасот, што е многу профитабилен бизнис.

Би можело да ве интересира

Трамп ги обвини Обама и западните лидери дека ја исфрлиле Русија од Г8

Трамп порача преку „Аксиос“: По војната со Иран, нема граници на мојата моќ

(ВИДЕО) Обама: Потрошивме милијарди, многумина починаа, а ситуацијата се влошува

Мелони: „Претседателе Трамп, фокусирај се на себе“

Трамп: Иран е воено поразен, Обама и Бајден водеа слаба политика кон Техеран

Горан Наумовски

Се скараа Мелони и Трамп: Ми беше жал за неа