Макрон: Трамп сака траен прекин на огнот во Украина по средбата со рускиот претседател Владимир Путин

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп сака траен прекин на огнот во Украина по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска во петокот, а Франција ја поддржува иницијативата, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон рече дека за време на заедничкиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста и лидерите на Европската унија, Трамп изјавил дека сите територијални прашања, односно територии што официјално ѝ припаѓаат на Украина, мора да бидат предмет на преговори со Украина, објавува „Ле Фигаро“.

„Територијалните прашања се под надлежност на Украина и за нив ќе преговара само украинскиот претседател, ние ја поддржуваме таа позиција“, рече Макрон по видеоконференцијата.

Немало сериозни разговори за размена на територии меѓу Украина и Русија, додаде тој.

Во врска со потенцијалниот нов пакет санкции против Русија, Макрон рече дека „сè е на маса“.

„Разговорот со Доналд Трамп ни помогна да ги разјасниме неговите намери, како и да ги изразиме нашите очекувања“, рече Макрон.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

Макрон на историски минимум: поддршката падна на само 18 отсто

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск