ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче и Заев уживаат во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје Коцевски ги брани со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари

Од:

Не е проблем што Венко Филипче отишол на одмор, проблем е неговото лицемерие. Додека Венко Филипче ужива на јахта во Белото Море, неговата СДС во исто време хушка и потпалува пожари, додека во исто време држат пресови за ширење на паника и страв. Додека Венко Филипче во друштво на Зоран Заев уживаат во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје нивниот Љупчо Коцевски го бранат со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека во Грција на јахта Венко Филипче покажува колку е одлепен од реалноста, во Скопје лажат дека им е грижа за работниците и стандардот на граѓаните.

Венко Филипче ужива со Зоран Заев на јахта во Грција, оваа фотографија која ја објавија медиумите го покажува целиот раскош и раскалашеност на СДС и нивното раководство. Венко Филипче со неговиот тутор Зоран Заев покажаа врвно лицемерие. Затоа, Венко Филипче и Зоран Заев се дел од срамното минато на државата и не се никаква иднина, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Ние практично сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Посебна Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

(ВИДЕО) Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ако вака продолжиме ЕУ ќе не врати повторно на ниво на скрининг