Четири лица се спасени од зградата што се урна за време на силниот земјотрес во Турција вечерва, во центарот на Синдириги во округот Баликешир, додека се трага по уште две, објави градоначалникот на Синдириги, Серкан Сак, за агенцијата Танјуг.
Western turkey shaking after 6.2M earthquake hits 🚨 pic.twitter.com/UqZtBro1ZK
— Truth Vibe (@GlobeStoryHQ) August 10, 2025
– Има повеќе од десет области каде што се урнале згради. Зграда во центарот на градот, во која биле сместени шест лица, се урна. Спасивме четири лица, а во тек се спасувачки операции за уште две. Станува збор за зграда веднаш до канцеларијата на нашиот окружен гувернер во центарот на Синдирги. Исто така, има срушени згради во околните села – рече Сак и додаде дека тимовите за спасување и проценка на штетите се на терен, јавуваат турските медиуми.
🔴Turkey’s situation after the devastating earthquake,karma hits hard..🇹🇷 pic.twitter.com/39kDXv1Wz9
— THE UNKNOWN MAN (@Theunk13) August 10, 2025
Според првите извештаи за земјотресот со јачина од 6,1 степен по Рихтер што ја погоди Турција вечерва, неколку станбени згради се урнаа во округот Синдириги во Баликешир, објавија турските медиуми.
Властите ги предупредија граѓаните да не влегуваат во оштетените згради и да ги следат официјалните најави.
Земјотресот беше почувствуван во централната област Баликешир, како и во Истанбул и низ целиот Мармара и Егејскиот регион – Измир, Ќутахја, Јалови, Истанбул, Маниса, Ушак, Ајдин, Ескишехир, Сакарја Јалови и Текирдаг.
तुर्किये में आया 6.2 तीव्रता का शक्तिशाली भूकंप, कई इमारतें गिरीं #Turkey #earthquake pic.twitter.com/eZdHydAPbd
— Abhishek raghav (@Abhishek4media) August 10, 2025
Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликешир, објави ТРТ Хаберлер.
Земјотресот е регистриран во 19:53 часот по локално време, а според изјавите на жителите, земјотресот бил силен и траел 10-20 секунди.
Поради земјотресот што беше почувствуван во Истанбул, контролорот на летање на аеродромот „Сабиха Гокчен“ издаде предупредување за земјотрес до авионите што слетуваа.