И се слоши на излегување од водата – Србинка почина на плажа во Грција

Од:

Српска државјанка почина вчера на плажата во Едипсос, во грчкиот регион Евија.

– На наша сонародничка ѝ се слошило кога почнала да излегува од водата. Таа само одеднаш исчезнала под површината. Потоа се случила вистинска драма и борба за нејзиниот живот – наведува соговорник, пренесуваат српските медиуми и додава:

– Спасувачите кои биле на плажата брзо ја извлекле од водата. Тие ѝ пружиле прва помош на плажата, а набрзо дошла екипата за итни случаи и се обидела да ја реанимира несреќната жена. За жал, и покрај сите напори на лекарите, таа починала – вели тој.

Телото е пренесено на обдукција, која ќе ја утврди причината за смртта.

Туристите кои се нашле на плажата биле сведоци на шокантни сцени.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени