Левица: Владата на ДПМНЕ го рехабилитира фашизмот – училиште ќе носи име на балистот Азем Морани

Од:

Партијата Левица реагира на срамната одлука на Владата, донесена на 99-та седница на 05.08.2025, со која се дава согласност за основање основно училиште во општина Студеничани што ќе го носи името на балистички водач – Азем Морани“.

Овој чин е брутален удар врз асномските темели на македонската држава, темели изградени врз крвта на антифашистичката борба, и претставува опасно, свесно отворање на вратите за историски ревизионизам. Со вакви одлуки, институциите не само што ја бришат жртвата на генерациите кои се бореле за слобода, туку ја изопачуваат самата суштина на државноста, претворајќи ја во платформа за рехабилитација на соработници на окупаторот“ велат од Левица.

Посочуваат дека парадоксално е што токму во време кога надворешни сили се обидуваат да ја искриват историската вистина, најголемите удари се нанесуваат од самите домашни институции. Азем Морани, осуден во 1947 година за своите профашистички, балистички и колаборационистички активности за време и по Втората светска војна, кој дејствувал против македонската држава – не заслужува никаква почит, а уште помалку по него да се именува училиште. Давањето негово име на училиште го труе умот на младите и ја поткопува основата на нашиот вредносен систем“.

Според Левица, ДПМНЕ, по стапките на СДСМ, во Владата се однесува како понизен и небитен фактор, коленичејќи пред коалициониот партнер ВРЕДИ и прифаќајќи агенди што ја разградуваат македонската државност“.

Бевме сведоци на преименување на улици именувани по антифашисти во имиња на балисти. ДПМНЕ ветуваше гордост, но наместо тоа, не само што не ги врати имињата, туку почна скандалозно да менува и именува училишта слушајќи го диктатот на нивниот коалиционен партнер ВРЕДИ. Неодамна, во општина Гази Баба, со гласовите на ДПМНЕ и амин на градоначалникот Стефковски, основното училиште „25 Мај“ (Денот на младоста), беше преименувано во „22 Ноември“ – Денот на албанската азбука.

Последната одлука на Владата за именување на училиште по балистички водач претставува кулминација на оваа опасна тенденција – безобразен и срамен чин на институционална рехабилитација на непријатели на македонската државност и тешка навреда за македонскиот народ“ е ставот на Левица.

Левица бара Владата итно да ја поништи оваа одлука и да спречи било каков обид за рехабилитација на профашистички фигури. Македонија мора да остане верна на својата антифашистичка историја“.

Би можело да ве интересира

Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, институциите потфрлиле

Левица: Недозволиво е Мицкоски да ја сведува државната реакција на флаширана вода и префрлање одговорност за Гостивар

А1он

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Левица: Европската престолнина на културата претставена со „Св. Сава“ и Букефал со пет нозе – Орце продолжува да го брука Скопје

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје