Во Демир Хисар синоќа полицијата по наредба на јавен обвинител го претресуваше семејниот дом на директорката на средното училиште, Маја Лозановска.
На видеото се гледа како пред куќата на Лозановска има медицински и полициски тим.
Според она што се слуша на видеото, како медицински тим констатира дека здравствената состојбата на Лозановска не дозволува да оди на информативен разговор, а началникот на полицијата инсистира таа да биде спроведена во полициска станица на информативен разговор, ако треба и на носилки.
За да биде разрешена директорката, таа мора да биде на работа за да го прими решението за нејзино разрешување од Градоначалникот на Општина Демир Хисар Никола Најдовски. Кога не може да ја најде Лозановска на нејзиното работно место, се обидуваат да ги одземат печатите и да направат фалсификат со кој ќе го потврдат разрешувањето на Лозановска.
Иако наредбата да се изврши претрес во куќата на директорката е во наредните 15 дена, полицијата одлучи тоа да го направи синоќа, еден ден пред крајниот рок за разрешување и именување функционери пред распишувањето на избори.