Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак, нивното дело и пожртвуваност се памети

Од:

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски по повод годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Карпалак во конфликот од 2001 година.

-Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети. Карпалак го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена. Македонија никогаш нема да ве заборави! Карпалак е рана, но и аманет, напиша Мицкоски.

На 8 август во 2001 година кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија десет резервисти на Армијата: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Левица е на услуга на ДУИ, сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ

Мицкоски: После локалните избори нема да има толеранција кон структури кои функционираат како длабока држава

Горан Наумовски

Мицкоски: Лукроски е вистинскиот избор за Карпош, него го знам колку што се знам себе си, и најдобро знам за каков човек се работи

Горан Наумовски

Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина – целосно ќе се проверат сите индиции, одговорност ќе има

Изјавите на Ахмети не заслужуваат да се коментираат, вели Мицкоски

Мицкоски: Ќе предложиме резолуција за заштита на македонските национални интереси после локалните избори

Горан Наумовски