Министерство за одбрана: Десетмината прилепски бранители убиени кај Карпалак загинаа за татковината

Од:

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова и Директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, денеска положија венец со свежо цвеќе на спомен – обележјето на македонските бранителите кои своите животи ги загубија кај месноста Карпалак во 2001 година.

– Десетмината прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски ги положија своите животи за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на татковината, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

Во спомен на бранителите на спомен – обележјето, свежо цвеќе положиле и делегации од Владата предводена од заменик претседателот на владата за политички систем Љупчо Димовски, од кабинетот на Претседателката и врховен командант на Армијата, претставници од семејствата на загинатите припадници на Армијата, од здруженија на граѓани и од политички партии.

Од МО, венци со свежо цвеќе ќе бидат положени и пред спомен-обележјето на македонските херои во центарот на Прилеп.

Би можело да ве интересира

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски

Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, тврди Министерството за одбрана

Неповолно мислење за финансиските извештати на Министерството за одбрана