Георгиевски и Костадиновски разрешени од функциите потпретседатели на ССКМ

Од:

Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски се разрешени од функциите потпретседатели на Сојузот на стопански комори на Македонија на седница на Управниот одбор на ССК.

Како што соопшти денеска Сојузот на стопански комори на Македонија, Георгиевски и Костадиновски како претставници на компании членки се исклучени од членството во Сојузот на стопански комори на Македонија.

– Врз основа на ова, овие лица повеќе немаат никаква поврзаност со ССК, ниту имаат право да се претставуваат во име на Сојузот. Дополнително, апелираме до сите медиуми и јавноста да не го користат логото, полниот или скратениот назив на Сојузот на стопански комори на Македонија во контекст на појавување, изјави или настапи на горенаведените лица, со цел да се избегне погрешна претстава и злоупотреба на имиџот и интегритетот на Сојузот. Сојузот останува посветен на транспарентно и одговорно работење во интерес на стопанството и економскиот развој на државата, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кампања за подигнување на јавната свест и за преземање мерки против загадувањето

Ана Ололовска

Откриен уште еден пријавен случај на рекет

Ана Ололовска

Медијаторство – брз, ефикасен и поевтин начин за решавање спорови

Ана Ололовска

ССК: Легализирањето на дивоградбите е амнестирање на кривично дело

Конференција за вработување на учениците со интелектуална попреченост

Ана Ололовска

ССМ: Работниците треба да го искористат своето право на глас

Ана Ололовска