Масакр во Газа: Убиени се речиси 100 Палестинци за 24 часа

Од:

Најмалку 98 Палестинци, вклучувајќи 51 лице кое барало хуманитарна помош, се убиени во изминатите 24 часа во израелските напади низ Газа, соопшти Министерството за здравство на енклавата.

Уште 603 лица се повредени во истиот период, објави Ал Џезира.

Меѓу жртвите се и четири лица кои починале од глад, со што вкупниот број на смртни случаи поврзани со глад се искачи на 197, вклучувајќи 96 деца.

„Од почетокот на израелските напади на 7 октомври 2023 година, вкупно 61.258 лица се убиени во Газа, додека бројот на повредени достигна 152.045“, соопшти Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Масакр во Турција: Осуммина убиени на три локации, напаѓачот е во бегство

Горан Наумовски

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

Холандија се откажува од Евровизија