ОН: Од 136.000 деца во Газа на возраст меѓу шест месеци и пет години, 12.000 се неухранети

Од:

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) објави дека од 136.000 деца на возраст од шест месеци до пет години прегледани од агенциите за помош во Појасот Газа во јули, 11.877 биле идентификувани како акутно неухранети, што е највисока месечна бројка досега регистрирана.

Во првите две недели од јули, 56.000 деца биле прегледани, а кај 5.000 било утврдено дека страдаат од акутна неухранетост – речиси девет проценти, во споредба со шест проценти во анкетата спроведена во јуни и 2,4 проценти во анкетата спроведена во февруари за време на второто примирје меѓу Израел и Хамас, објави „Тајмс оф Израел“.

ОН не прецизираше кои организации ги спроведуваат прегледите, а бројот на деца што се проценуваат варира од месец до месец.

Би можело да ве интересира

Израел нема да се повлече од Појасот Газа

Масакр во Газа: 19 Палестинци се убиени, над 35 се тешко ранети

Трамп: Заканата од Газа нема да се повтори, постигнат е договор за разоружување

Горан Наумовски

Фолкер Турк се соочува со отпор од Москва и Тел Авив за нов мандат

Израел ја прогласија областа околу Појасот Газа за затворена воена зона

Најмалку седуммина загинаа во израелски напад на погреб во Појасот Газа