Болничко образование за деца кои се лекуваат од канцер, ако има потреба ќе има домашна нстава за повредените во „Пулс“

Од:

Воведено е формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување на Клиниката за детски болести во Скопје, денеска официјално најавија министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук, претседателка на НВО САНО – Здружение кое им помага на децата со канцер.

Како што беше појаснето, МОН со поддршка од граѓанскиот сектор (САНО НВО – здружение кое им помага на децата заболени од канцер), воведува формално основно образование за децата кои се на подолгорочно лекување на Клиниката за детски болести во Скопје.

– Направени се измени на законска и подзаконска регулатива и училиштата каде се запишани децата кои се на лекување на Клиниката, треба да ги вклучат во настава од септември – директно, односно онлајн додека траат часовите, или преку асинхрона комуникација (наставникот му испорачува материјали на ученикот, му задава задачи, оценува знаење…). Наставникот може да организира и индивидуална настава за ученикот, преку некоја дигитална алатка, беше споделено денеска на Клиниката и истакнато дека сето ова зависи и од здравствената состојба на детето.

Целта е децата да немаат застој во воспитно – образовниот процес и по завршување на лекувањето, полесно да се ресоцијализираат, да се вратат во училиштето и меѓу другарчињата. Беше нагласено дека ниедно дете не смее да биде лишено од образование само затоа што се лекува и дека болеста не значи изолација, прекин или заборавеност. Во тек биле обуки за ефективна работа на далечина на наставниците со овие деца.

Министерката Јаневска рече дека досега кон овие дечиња биле направени сериозен пропуст и дискриминација. Денеска, додаде таа, со добар проект и системско решение, се покажува дека не станува збор за нерешливи проблем.

– Овој процес постојано ќе се унапредува. Она што е значајно, е, дека во овој момент, одреден број наставници кои имаат такви дечиња овде, веќе се на обука, за од 1 септември да можат да почнат да го работат тоа, информираше министерката и се заблагодари на сите кои учествуваат во проектот.

Марија Вук истакна дека е ова историски чекор и се заблагодари за поддршката.

На новинарско прашање, директорот Мемеди одговори дека во моментов, овде на овој оддел имало околу 20 деца, но тој број се менувал одвреме навреме. Обично, кај децата со малигни заболувања, понекогаш третманот траел и до две години, зависно од самата патологија. Првите шест месеци, биле приморани да бидат цело време на Клиника.

МОН ќе направи анализа дали е потребно и колку ученици би учеле во домашни услови од повредените во пожарот во Кочани од почетокот на учебната година.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска, најавувајќи воведување формално основно образование за деца со канцер кои се на долготрајно лекување во болнички услови, рече дека од септември ќе се потрудат ваков вид настава да има и за ученици кои се рехабилитираат по повредите во пожарот во „Пулс“.

-Сега е лето, ќе направиме анализа, доколку има потреба дефинитивно ќе бидат вклучени, иако не сум сигурна дека се многу. Оние што завршуваа четврта година, дел веќе полагаа матура, мислам дека едно до две деца се оставени сега да полагаат матура, изјави министерката Јаневска.

Би можело да ве интересира

На Детската клиника во Скопје е донесено мртво машко бебе

Предметот за пожарот во „Пулс” префрлен во надлежност на скопското Обвинителство

Продолжен е притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“

Владата ги демантира наводите во писмото од родителите на жртвите од „Пулс“

Болницата „Козле“ е без вода, децата ќе одат по други клиники

Катерина Ѓуровски

Родителите на жртвите од „Пулс“ се сретнале со Мицкоски, објавија детали од средбата