Во првата половина од годинава од земјава извезени стоки во вредност од 4,034 милијарди евра

Од:

Во првите шест месеци од годинава од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 249 072,3 милиони денари или 4,034 милијарди евра што е пораст од 2,9 проценти во споредба со истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 349 611,4 милиони денариили 5,675 милијарди евра што е за 2,4 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Покриеноста на увозот со извоз е 71,2 процента.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во првите шест месеци од 2025 година земјава најмногу тргувала Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија, кои учествуваат со 47,3 отсто во вкупниот обем на размената. Во вкупната размена најголемо учество имаат земјите членки на Европската Унија со кои е реализирана 60,4 отсто од трговијата.

Би можело да ве интересира

Кинеската економија порасна во вториот квартал од 2025 година благодарение на силниот извоз

Разговарано е со САД за царински олеснувања, може ќе сме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови, вели Мицкоски

Раст на извозот од 3,2 отсто во периодот јануари – мај годинава

Се зголеми кинескиот извоз

Извозот од земјава во јануари – февруари изнесува 75.650 милиони денари

А1он

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, особено погодена текстилната индустрија