ВИДЕО: Специјалниот пратеник на Трамп во Москва, истекува времето од ултиматумот за Путин

Од:

Шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјалниот претставник на рускиот претседател за економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев, се сретна со специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф на аеродромот Внуково, изјави за ТАСС извор близок до преговорите.

„Стив Виткоф беше пречекан на аеродромот Внуково од специјалниот претставник на рускиот претседател, Кирил Дмитриев“, изјави изворот.

Според порталот „Flightradar24“, авионот за специјални претставници „Bombardier Global 7500“, кој полета од Флорида, ја премина границата со Русија утрово во 6:11 часот по московско време, објави „Рија Новости“.

Портпаролката на Стејт департментот, Теми Брус, потврди дека Виткоф ќе ја посети Русија, но не коментираше конкретни детали од посетата. Ова е петта посета на Виткоф на Русија од почетокот на годината.

Последните две посети беа на 11 и 25 април, кога се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

Како што претходно беше најавено, Виткоф денес ќе разговара со руското раководство во Москва.

Би можело да ве интересира

Откриено кој стои зад најголемата руска саботажа во Европа досега

ВИДЕО: Откриен планот на Путин, цел му се најголемите украински градови

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Затворени мостови, мртви и повредени по руски напад на Киев

ВИДЕО: Украина првпат употреби сопствена балистичка ракета, Киев не открива што било цел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Страотен напад на Киев, убиено дете

Русија планира рекордни 202,6 милијарди долари за одбрана во 2027