Путин нема да попушти пред ултиматумот на Трамп

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин веројатно нема да се повлече од ултиматумот на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување нови санкции врз Русија, кој истекува во петок и продолжува да бара целосно заземање на четири украински региони, соопштија денеска светските медиуми повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.

Решителноста на Путин да продолжи понатаму е поттикната од неговото верување дека Русија победува и скептицизмот дека дополнителните санкции на САД ќе имаат значително влијание, објави Ројтерс.

Рускиот претседател не сака да го налути Трамп и разбира дека можеби пропушта можност да ги подобри односите со Вашингтон и Западот, но неговите воени цели имаат предност, изјавија двајца од изворите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крвав бунт во Иран: Над 500 убиени, Ајатолахот му се заканува на Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп: Политичките затвореници во Венецуела имаа среќа што САД се појавија

Трамп издаде извршна наредба за заштита на венецуелската нафта

Трамп разгледува опции против Иран, иранскиот режим уби најмалку 538 луѓе за две недели

Трамп: Предлагам кубанските власти да постигнат договор пред да биде предоцна

Хамнеи: Ако Трамп е толку способен, нека ја води својата земја

Горан Наумовски