Помина месец, полицијата уште „го бара“ заканувачот кон пратеничката Славјанка Петровска

Од:

Полицијата и по еден месец нема што да и каже на јавноста за заканувачот кон пратеничката Славјанка Петровска. И покрај тоа што моментот кога и се заканувало лицето е снимено, исто и неговиот автомобил од многуте камери околу зградите каде што живее пратеничката, а истите снимки полицијата веќе ги зеде сепак засега нема никаков ефект. На прашање на А1он до каде е постапката и дали го идентификувале лицето, од СВР Скопје каде се надлежни за случајот одговорија дека не можат ништо да кажат зошто „предистражните дејствија се сметаат за тајна“.

„Ве известуваме дека во СВР Скопје е пријавено кривично дело „Загрозување на сигурноста“ за што СВР Скопје презема мерки и дејствија за расчистување на настанот. Притоа напоменуваме дека согласно член 51 став 1 „Правосудната полиција работи по налог на надлежните јавни обвинители“ и согласно член 289 од Законот за кривичната постапка „сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна, поради што во моментов не сме во можност да Ви доставиме повеќе податоци“, одговораат од МВР, поточно СВР Скопје кои работат по предметот.

По упатените закани кон пратеничката Славјанка Петровска и нејзината пријава во полиција истата вечер, беа одземени снимките од многуте камери околу зградата каде што се случи инцидентот. Петровска нема информации каде запна нејзиниот случај. Таа за А1он вели дека долго време не ја исконтактирале иако и најавиле дека ќе ја повикаат.

„Нема, сеуште не сум исконтактирана. Ми беше најавено дека ќе бидам исконтактирана за препознавање на лицето што ја упати заканата, но немам никаков повик од тогаш. Еден месец помина, на 1 јули беше тоа вторник вечерта, а од последното јавување дека ќе ме повикаат поминаа две недели. Бев исконтактирана дека ќе бидам повикана но и јас немам информации што се случува, изјави Славјанка Петровска за А1он.

На 1 јули, вечерта, пратеничката и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, доживеа вербален напад и закани додека се наоѓала пред зградата каде што живее на булеварот Србија во Скопје. Од автомобил мерцедес со охридски регистарски таблички ѝ било упатена заканата: „Цаци, готова си“, по што лицето се повлекло. По еден месец од тогаш, полицијата сеуште нема одговори за јавноста.

Би можело да ве интересира

Одрони на патот кај селата Истибања и Калиманци

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје

Земјотрес на подрачјето Тетово – Гостивар со интензитет од три степени

Предраг Петровиќ

ВРЕДИ за скандирањата: Институциите функционираат, за разлика од времето на ДУИ кога вакви случаи се прикриваа без никаква одговорност

Државна делегација предводена од потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска во манастирот Прохор Пчински

Таравари бара да се објават сите корисници на унгарскиот кредит