Фудбалот е повеќе од игра – Караванот на Mozzart пристигнува во Свети Николе!

Од:

После Охрид и Велес, радоста и спортскиот дух продолжуваат да го освојуваат и Свети Николе. Караванот „Фудбалот е повеќе од игра“ утре ќе го донесе третиот мини пич терен, ново место каде младите соништа ќе се будат, топките ќе тропаат со надеж, а срцата ќе чукаат во ритамот на спортот.

Оваа акција, започната во Србија, годинава со љубов и посветеност се реализира и во Македонија. Секој терен е доказ дека фудбалот поврзува генерации, зајакнува заедници и инспирира идни шампиони.

Теренот во Свети Николе со гордост ќе го носи името на легендарниот македонски фудбалер Бобан Бабунски, додавајќи му посебен дух и чест на овој простор.

Претходно, фудбалската магија веќе оживеа во Охрид со теренот на Гоце Толески и во Велес со теренот посветен на Панче Ќумбев.

Свеченото отворање ќе се одржи утре, на 5.8.2025, со почеток во 18:30 часот, на ул. 29 Ноември.

Mozzart ве поканува да бидете дел од овој незаборавен момент – да го прославиме спортот, заедништвото и соништата.

„Ве покануваме сите љубители на фудбалот – дојдете, поддржете, инспирирајте! Заедно да го заокружиме патувањето на караванот оваа година со радост, емоција и верба дека фудбалот навистина е повеќе од игра,“ порачуваат од компанијата Mozzart

Би можело да ве интересира

Англичаните брутални кон Модриќ: Од него остана само бледа сенка

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Херојот на Мундијалот не ужива во славата: Би го вратил животот што го имав претходно!

А1он

Mozzart го отвора петтиот мини пич терен – Кочани добива ново светилиште на спортот

А1он

Деко за изборот за „Златната топка“: Тоа е светски скандал!

А1он

Француската полиција спречила обид за киднапирање на Мбапе