Орбан сака сојуз со Србите: Унгарија нема да ја признае пресудата против Додик

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија нема да ја признае пресудата против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Орбан на предавање на MCC Fest во Естергом изјави дека е „неприфатливо“ „регент“ делегиран од Европската Унија да разрешува и да суди претседател избран од Србите, пренесува MTI.

Унгарскиот премиер додаде дека овој чекор не е преземен поради корупција, туку затоа што Додик не спроведе одредени одлуки што дојдоа од ЕУ.

– Претседателот Додик останува избран лидер на Србите што живеат во Босна и Херцеговина и ние ќе ја обликуваме нашата политика соодветно – рече Орбан.

Тој додаде дека Европската Унија пропуштила „историска можност“ да ги интегрира новите држави што се појавија по распадот на Југославија.

Тој рече дека Унгарија мора да создаде историски сојуз со Србите.

– Значи, ако Унгарија сака да остане силна, не може да го стори тоа без сојуз со Србите. А на Србите им е потребна и соработка со Унгарија – додаде Орбан.

Во петокот, Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Додик со првостепената пресуда беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност, поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: „Србија не ја прифаќа пресудата против Милорад Додик“

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Ненадејна судска одлука: Иво Санадер ослободен

Шкалјарац екстрадиран во Црна Гора

Орбан: Трамп ја изеде Урсула за појадок

Орбан: Европа веќе е во војна