Нов силен земјотрес на Камчатка

Од:

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка, соопшти огранокот Камчатка на Обединетата геофизичка служба на Руската академија на науките.

Во соопштението се вели дека земјотресот е регистриран на 212 километри од Петропавловск-Камчатски во Тихиот Океан, на длабочина од 24 километри, објави ТАСС.

Агенцијата потсетува дека во среда наутро, на 30 јули, земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран кај Камчатка, проследен со серија последователни потреси од пет и шест степени.

По земјотресот следеше цунами покрај брегот на неколку земји, вклучувајќи ги Русија и САД.

Обединетата геофизичка служба вчера наутро објави дека најмалку осум нови земјотреси се регистрирани покрај брегот на Камчатка во последните 60 минути.

Сеизмолозите проценија дека земјотресите имале јачина помеѓу 5,4 и 6,7 степени според Рихтеровата скала.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на жртви од земјотресот во Венецуела

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Чешка

Горан Наумовски

Бројот на жртви во Венецуела надмина 3.300

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар

Трагедија: Сопругата и децата на аргентински фудбалер пронајдени мртви по разорниот земјотрес во Венецуела

ВИДЕО: Чудо во Венецуела: 11-годишно момче извлечено живо од урнатините три дена по разорниот земјотрес