Шукова: Ние ќе воведеме ред, ќе ги засилиме инспекциските контроли и ќе обезбедиме одговорно одржување на јавниот простор

Од:

Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кисела Вода, Горан Трајковски синоќа одржа средба со граѓаните на Кисела Вода, каде разговараше за решенијата за клучните проблеми со кои се соочуваат.

-Приоритет број еден за Кисела Вида е конечно завршување на проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ целосно, до Драчево. Фазата на проектот кој започна во време на СДСМ, но со години тапка во место поради негрижата на локалната и централната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Над 50 илјади граѓани се директно засегнати и со право прашуваат зошто булеварот не е завршен со години. Овој капитален проект е симбол на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години, но и моја јасна обврска – како градоначалничка, ќе го завршам булеварот и ќе обезбедам безбедно и брзо поврзување на Драчево, истакна Шукова.

Граѓаните на Кисела Вода реагираат и на лошата хигиена и недостигот од одржување јавните површини. Улици полни со отпадоци, запуштени тротоари и јавни простори се слика што ја остава сегашната власт.

– Хигиената е основна урбана култура и грижа за здравјето на граѓаните. Ние ќе воведеме ред, ќе ги засилиме инспекциските контроли и ќе обезбедиме одговорно одржување на јавниот простор, порача Шукова.

СДСМ, Шукова и Трајковски остануваат на страната на граѓаните – со реални проекти, одговорност и визија за чисто, функционално и хумано Скопје, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски