Русија тврди дека го освоила Часов Јар во регионот Донецк

Од:

Руските војници ја презедоа контролата врз украинскиот град Часов Јар во регионот Донецк, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Како резултат на офанзивните операции на Јужната група трупи во правец Краматорск-Дружковка, градот Часов Јар на Донецката Народна Република е ослободен“, се вели во соопштението, пренесе ТАСС.

Часов Јар е град од големо оперативно и стратешко значење, бидејќи отвора пат кон Славјанско-Краматорск, како и Константиновка, кои се под контрола на украинските вооружени сили, соопшти агенцијата.

Би можело да ве интересира

Куделка: Кремљ ќе провоцира конфликт за да ја провери реакцијата на Алијансата

Ескалација на рускиот напад во Одеса

Путин: Светот влегува во период на зголемени безбедносни закани

Вашингтон: Трамп е решен да ја заврши војната во Украина

Путин: Русија била и останува неразделен дел од глобалниот економски систем

Медведев: Пашинјан ја турка Ерменија по патот на Степан Бандера