СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја избриша лажната фотографија – Лефков и Мицкоски јавно да се извинат за лагите

Од:

По реакцијата на СДСМ и разобличувањето на нивната груба манипулација и лага, ВМРО-ДПМНЕ молчешком ја избришаа фотографијата од нивната бен страна, со којашто денеска пратеникот Миле Лефков мафташе на прес-конференција, тврдат од СДСМ.

„Станува збор за целосно разобличен обид за политичка монтажа, во која Лефков свесно објави лажна фотографија од невин човек, со цел да ја поврзе трагедијата од пожарите со СДСМ и Зоран Заев.

Лефков не само што свесно лажеше пред целата јавност, туку и грубо изманипулира за партиски цели. Бришењето на фотографијата од веб страната на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека се фатени во лага. Но одговорноста не се брише.

Бараме Лефков и неговиот ментор Мицкоски јавно да се извинат. Очекуваме итна реакција од Јавното обвинителство за ширење лажни вести и загрозување на правната сигурност. Следува и тужба за клевета и нарушување углед, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО