Руски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Марибор-Љубљана

Од:

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопат во Словенија, а според првичните информации, жртвите се руски државјани.

Според првичните полициски информации, возачот на комбе удрил во камион кој бил во конвој.

„Несреќата беше исклучително трагична, местото на инцидентот сè уште се истражува. Пет лица загинаа, возачот е полесно повреден. Причина за несреќата е неприлагодена брзина. Возачот, украински државјанин, удрил во запрено возило“, изјави Јасна Божич, инспектор на Одделот за патен сообраќај при униформираниот полициски сектор на Полициската станица Целје, во соопштение за медиумите.

Полицијата првично објави дека четири лица загинале, а две се повредени. Подоцна, Главната полициска управа (ГПУ) потврди за СТА дека загинало уште едно лице. Сите биле руски државјани.

Во несреќата учествувало комбе, кое, според првичните информации, превезувало седум лица.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

Словенија доби нова влада, Јанша е премиер

Словенија забрани слетување на израелски авион, летот беше пренасочен кон Хрватска

А1он

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес