ВИДЕО: Снимки од моментот на ударот на земјотресот на Камчатка

Од:

Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи тревоги и евакуации низ Тихиот Океан.

Неколку лица се повредени во тој оддалечен руски регион, а на населението на поголемиот дел од источниот брег на Јапонија, кој е тешко оштетен од катастрофалниот земјотрес и цунамито од 2011 година, му е наредено да се евакуира. „Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години“, изјави гувернерот на Камчатка на Телеграм.

Регионалниот министер за вонредни ситуации Сергеј Лебедев објави дека по земјотресот е регистрирано цунами од 3 до 4 метри. „Сите мора да се оддалечат од брегот“, рече Лебедев во видео на социјалните мрежи. Американскиот сеизмолошки институт објави дека земјотресот бил на длабочина од 19,3 км, околу 125 км од Петропавловск, град со 165.000 жители на брегот на заливот Авача.

Неколку лица побарале медицинска помош по земјотресот во Камчатка, објави Олег Мелников, регионалниот министер за здравство, според руската државна новинска агенција ТАСС.

Руската академија на науките соопшти дека ова е најсилниот земјотрес во регионот од 1952 година. Камчатка и рускиот Далечен Исток се наоѓаат на Тихоокеанскиот огнен прстен, геолошки активна област позната по силни земјотреси и вулкански ерупции.

Снимките од моментот на земјотресот во Камчатка се шират на социјалните мрежи. Земјотресот јоштетил градинка.

Се појави и видео наводно направено во болницата. На него се гледа како лекарите остануваат смирени за време на силниот земјотрес и не ја прекинуваат операцијата. „Тие останаа со пациентот до крајот“, се вели во објавата. Автентичноста на снимката сè уште не е потврдена.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Камчатка

Горан Наумовски

Научниците објаснуваат зошто денешниот моќен земјотрес на Камчатка не предизвика мега-цунами

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Земјотресот од 8,8 степени потресе операциона сала во Русија, лекарите мирно ја завршија операцијата

Горан Наумовски

Нов силен земјотрес на брегот на Камчатка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) По катастрофалниот земјотрес, еруптираше вулканот Кључевскаја во Камчатка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Цунамито стигна до Хаваи и Калифорнија, опасноста намалена, евакуирана Фукушима

Катерина Ѓуровски