По неколкудневното сончево и многу топло време со високи температури што надминуваат 43 степени, УХМР од утре најавува намалување на температурите под 38-от степен и локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник.
За денеска повторно се најавува температура во интервал од 36 до 43 степен.
Во Скопје температурата ќе достигне 43 степени, а УВ индексот ќе изнесува девет.
Утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Од понеделник ќе настапи позначителна промена на временската состојба.
Ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и посвежо време со услови за повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со грмежи, особено во вторник.
Дневната температура ќе биде во опаѓање и до средината на следната седмица се очекува да опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната.