ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

Од:

Главен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е реализација капитални и инфраструктурни проекти насекаде низ државата. Инвестициите во патната, комуналната и урбаната инфраструктура се од голема важност, и имаат за цел да обезбедат побрз економски раст, подобра поврзаност и повисок квалитет на животот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата од програмата. Едно од ветувањата во програмата уште од 2021 година е и нов булевар во Гевгелија. Се пушти во употреба капиталниот проект-улицата „Свети Климент Охридски“, во вредност од 2 милиони евра, обиколница која претставува нов современ западен булевар и е директна врска за сообраќајниот и економскиот живот на Гевгелија.

Во Гевгелија истовремено се работи и на повеќе инфраструктурни проекти што ќе придонесат за развојот на општината. Во тек е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од Булеварот „Гевгелија“, заедно со натпатникот на улицата „Железничка“ и железничката пруга, проект во вредност од над 25 милиони денари. Во завршна фаза е и изградбата на кружната крстосница на влезот во Гевгелија, со нов мост над каналот „Рауљ“, како и дислокација на дел од каналот под крстосницата, проект вреден повеќе од 27 милиони денари. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции со цел модернизација и економски развој на државата, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси