(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

Од:

Кривичната пријава за градоначалникот на Крива Паланка е срамен притисок и црна кампања на власта против успешните градоначалници на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ знае дека не може да победи во Крива Паланка, па не им останува ништо друго освен да ги вклучат механизмите за притисок и монтиран прогон, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

– Режимот се враќа – граѓаните не смеат да подлегнат на овие злоупотреби, туку силно да одговорат на избори против старите режимски методи на власта. Но ова не е изолиран случај. Во сите општини каде што раководи СДСМ, започната е инструментализирана кампања за притисок од сите можни институции. Се вршат инспекции и се измислуваат прекршоци, а во другите општини со кои раководат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ништо не се проверува и нема инспекции. Додека Тошковски срамно го брани криминалот на Висар Ганиу од 225 милиони евра, на оние кои чесно работат им измислува кривични пријави за да врши терор и заплашување.

Тошковски и Мицкоски мижат пред криминалот на ВЛЕН молчат за десетици скандали со местени тендери кои ги објави за нивните градоначалници, но измислуваат криминал кај СДСМ и нашите кандидати. Ова е удар врз демократијата и слободата, врз правниот поредок! Тошковски треба да се срами што извршува вакви партиски задачи и што го злоупотребува МВР за партиски цели. Кога ВМРО-ДПМНЕ не знае како да се спротивстави и знае дека ќе изгуби, тогаш не бира средства – уништуваат семејства, газат по законот и заплашуваат.

Но ова ќе им се удри од глава, а во Крива Паланка и во други општини ќе бидат поразени! Сакам директно да им се обратам на нашите членови и функционери. Не смееме и нема да потклекнеме пред овие закани! Ваквиот режим еднаш го преживеавме и победивме со упорност и со борба, со чесна работа и истрајност. Сега е потребно да се спротиставиме со цела сила, со фактите и вистината и граѓаните ќе препознаат кој е чесен, а кој режимски инструиран политичар! СДСМ ќе продолжи да го разткрива режимскиот карактер на оваа власт кој само продолжува онаму каде што Груевски застана, истакна Димитријевиќ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ