ВМРО-ДПМНЕ да каже дали преговараат за потпишување меморандум со компанија која е фатена во корупција и поткуп, велат од СДСМ

Од:

Паничната и нервозна реакција на ВМРО-ДПМНЕ е најдобриот доказ дека се фатени живи во обид да протуркаат уште една криминална зделка на штета на граѓаните. Нивното скандалозно соопштение не само што не ги негира фактите, туку претставува класично признание на вина, скриено зад провидни напади и лаги, тврдат од СДСМ.

„Клучното прашање на кое ВМРО-ДПМНЕ не даде одговор е: Дали преговараат зад затворени врати за потпишување меморандум со компанија која е фатена во корупција и поткуп? Молкот за ова прашање е одговор сам по себе.

Наместо да одговорат, тие потврдуваат дека претходната влада предводена од СДСМ го штитела јавниот интерес и не се договорила на штета на граѓаните.

Вистината која ВМРО-ДПМНЕ добро ја знае е следната:

Владата предводена од СДСМ одбиваше да склучува договори на штета на граѓаните. За разлика од криминалните навики на ВМРО-ДПМНЕ, ние започнавме јавен и целосно транспарентен тендер за изградба на дистрибутивната мрежа, почитувајќи ги законите и штитејќи го јавниот интерес.

Процесот беше јавен токму за да се спречи она што ВМРО-ДПМНЕ денес се обидува да го направи – да додели стратешки проект на фирма која веќе е вклучена во корупција во сличен проект, и без конкуренција и надвор од очите на јавноста да потпишува непотребни меморандуми.

Разликата е кристално јасна: СДСМ инсистираше на законска, транспарентна и конкурентна постапка. ВМРО-ДПМНЕ бега од законот како ѓавол од крст и се обидува преку меморандуми да ги реализира своите зделки во четири очи.

Со тоа што не го негираат фактот дека подготвуваат зделка со компанија вмешана во корупција, ВМРО-ДПМНЕ само потврдува дека нивната единствена цел е лично богатење, а не интерес на граѓаните. Ги повикуваме уште еднаш да излезат пред јавноста и јасно да кажат: Што му ветиле на инвеститорот за да тој вложи 1 милијарда евра и зошто бегаат од јавен тендер? Секој ден молк е ново признание за криминалот што го подготвуваат, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Левица со задоцнета загриженост-каде беше кога СДС го пустошеше ЕСМ?

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ

Стојаноски: Собранието ќе донесе закони за зголемување на животниот стандард на студентите и пензионерите