ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својата политика на сервилност и служба на бугарската агенда ја доведе државата до негирање од страна на Бугарија

Од:

СДС и Филипче се најголемиот поборник на бугарските агенции и бугарските интереси во државата. Филипче е континуитет на погубни предавнички политики на Заев, Османи, Пендаровски, Маричиќ. Филипче продолжува да ја игра улогата на Заев мислејќи дека ќе дојде на власт доколку прифати се и се стави на располагање на туѓи агенди и земји, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Последиците од политиките на виткање кичма денес се јасно видливи а штетите кои ги нанесе СДС за македонските национални интереси се катастрофални.

Поданичката политика исполнета со сервилност од страна на СДС ја доведе Македонија во понижувачка позиција каде Бугарија отворено ја негира македонската нација, македонскиот јазик и идентитет.

Работите кои до неодамна беа незамисливи дури и за најрадикалните кругови во бугарската политика поради апсурдноста и понизноста на Заев и Филипче во нивното политичко дејствување денес станаа реалност.

Филипче и СДС ги распродаваат македонските национални интереси, и се ставаат во служба на бугарските агенции и интереси само поради власт, милионски профити и зделки.

СДС и Филипче немаат црвени линии во однос на националните интереси и се повеќе наликуваат на бугарска филијала. Сомнежот е дека позади сите овие операции стои голема источна земја спонзор која е пријател и има силно влијание и во Бугарија.

ВМРО-ДПМНЕ ги препозна и ги демаскира ваквите хибридни операции навремено, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со заштита на националните интереси и достоинството на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

А1он

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

А1он

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ за скандалот со директорот на Неврологија: Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето

А1он