Левица: Македонија на колена пред Софија, ДПМНЕ ја продава историјата

Од:

Однародената ДПМНЕ ја прифаќа играта на големобугарските империјалисти и го става на маса македонскиот идентитет и јазик инсистирајќи на заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент со што фактички се согласува да ги проблематизира овие носечки столбови на македонската државност и самобитност, велат од Левица.

„Дезориентираната надворешна политика на Муцунски овие непобитни ставки ги доведува во позиција да станат предмет на договор, со што македонскиот народ и држава ги става пред повторно склучување компромис околу суштински прашања како при Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство.

Наместо цврсто да стои на ставот дека македонскиот јазик и идентитет (одамна признаени од ОН и научната јавност) се неспорни, МНР се надоврзува на срамната Резолуција на Европскиот парламент со обид за нејзина практична имплементација, токму она што Софија со нетрпение го очекува. Заедничка резолуција со земја која со децении ги негира нашите основни права и има иредентистички аспирации значи прифаќање на услови кои директно го поткопуваат македонското самоопределување.

Благодарение на однародени и бизнис-ориентирани политичари, Република Македонија, која веќе го смени знамето и уставното име под странски диктат – со ДПМНЕ е на пат да стане првата држава што ќе го доведе под прашање и сопствениот службен јазик.

Не помина многу време од кога Мицкоски хистерично тврдеше дека „ако се преговара за јазикот, прекројување на историјата и македонскиот идентитет, договорот за добрососедство не важи“. Денес, истиот тој си ги гази зборовите и ја претвора Република Македонија во услужен сервис на Софија. На дело гледаме како “патриотите“ од ДПМНЕ, штом седнаа во фотелјите на власт, не само што го продолжија курсот на капитулација на нивните претходници од СДС, туку и го продлабочуваат. Со ДПМНЕ на власт, Македонија уште побрзо се претвора во држава без став и кичма, која тргува со историјата и идентитетот за неколку тапкања по рамо од странство.

Левица повторно повикува македонските институции јасно да стават до знаење дека нема да прифатат никакви заеднички иницијативи со Бугарија кои го доведуваат во прашање македонскиот јазик, историја и идентитет. Наместо да се вплеткува во дипломатски стапици, Владата треба веднаш да ја прекине комуникацијата со Софија за овие прашања. Евроинтеграциите на Македонија мора да се водат исклучиво преку призмата на внатрешните реформи и Копенхашките критериуми, без уценувања и услови што го деградираат државното и национално достоинство, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: Откако вмровец влезе во криминалот со „Бехтел и Енка“ Тошковски го ослободи Груби од притвор

ВИДЕО: Жестока дебата за интерпелацијата за Тошковски

Катерина Ѓуровски

Левица станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ, Тошковски за интерпелацијата

Мојсоска: Законот за судска служба ја става судската власт под контрола на извршната

А1он

(ВИДЕО) Крмов: Млекарниците ги уценуваат сточарите – Владата да гарантира откуп на млекото

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија